ВР инвестира 220 милиони долари во американски развој проекти за соларна енергија

23

Нафтената компанија ВР, меѓу седум најголеми во светот, ги зголеми своите инвестиции во американски обновливи извори преку купување на соларни проекти од развојната компанија 7Х Energy за 220 милиони долари.

Договорот за купување на имот со моќност од девет гигавати претставува прва незaвисна инвестиција на ВР во соларна енергија откако во 2017 година купи удел во најголемата европска соларна програма.

Во една од најамбициозните стратегии во енергетскиот сектор, ВР планира да го намали производство на нафта за 40% и да го зајакне бизнисот со обновливи извори на енергија и до 20 пати до 2030 година.

Фото: Pexels