Вработените во Google ќе работат од дома до септември догодина, можна е и флексибилна работна недела

25

Американската компанија Google објави дека нејзините работници ќе можат да работат од дома до септември 2021 година, а не до почетокот на летото (поточно – крајот на јуни), како што беше прво објавено.

Тие исто така најавија дека ќе ја испитаат идејата за “флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се врати во нормала. Ова значи дека вработените би можеле да изберат колку дена сакаат да работат од далечина, а колку да бидат присутни на работа, во канцеларија.

Сунар Пичаи, шефот на Google, вели дека овој вид организација може да придонесе за подобра продуктивност, соработка и општо добро на компанијата.

Фото: Pixabay