Времено забранет увоз на живина од Холандија, Германија и Британија

17

pilesko

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера воведе забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо (вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија. Станува збор за времена мерка во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста птичји грип во Република Македонија, јавува Макфакс.

Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца, се вели во соопштението на АХВ.

Во рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот.