Времеплов: Како изгледала првата кредитна картичка?

128

Пластичните картички коишто ја “кријат“ готовината и можат да ни се најдат и во случај кога немаме пари имаат прилично долга историја иако тоа не изгледа баш така.

Иако ја немале формата и структурата како денешните кредитни картички, првите картички со слична функционалност датираат од почетокот на 19-от век. Во тоа време, трговци и финансиски посредници ги кредитирале нивните клиенти. На почетокот, пак, на 20-от век голем број хотели и продавници издавале хартиени картички на најлојалните купувачи.

Во 1949 година, Франк МекНамара својата вечера во ресторан, наместо со пари, ја платил со парче картон, што тогаш ја одиграло улогата на денешната платежна картичка. Тој забележал дека го заборавил паричникот во другото одело, па го инспирирало да направи картичка што ќе им овозможи на гостите на ресторанот да ги плаќаат своите сметки на крајот на месецот. Потоа, тој со своите пријатели Ралф Шнајдер и Метју Симпсон истата година го основаа Diners Club.

Тука се зачетоците на платежните картички, бидејќи сопственикот на картичката мора да ја плати целата сметка кога ќе дојде време за тоа, за разлика од кредитните картички, чиј корисник троши позајмени пари.

Во 1958 година, Bank of Amerika почна да ja нуди платежнaта картичка American Express. Во 1965 година, пак, во Белгија е основан Eurocard. Се верува дека првата кредитна картичка којашто била масовно користена е Visa MasterCard, издадена во доцните 60-ти години на минатиот век.

Фото: YouTube – printscreen