Како до помалку главоболки од кредитна картичка

53

Фото: Pexels

Кредитните картички се дел од секојдневието на голем број семејства, пред сè за пополнување одредена “дупка“ во семејниот буџет. Но, овие пластични картички можат да предизвикаат големи главоболки, доколку со нив не се управува на вистинскиот начин.

Ако ги почитувате овие неколку правила, ќе поминете полесно доколку во вашиот паричник имате кредитна картичка.

Иако со кредитната картичка имате поодврзани раце и може да купувате многу повеќе од месечните примања што ги добивате, сепак купувајте паметно и внимателно. Користете ги “скапите“ пари од кредитната картичка само за оние работи што ви се неопходни, а во моментот немате доволно сопствени средства.

Не дозволувајте да заборавите или намерно да прескокнете со исплата на ратата, бидејќи тоа дополнително ќе ве оптовари со камата. Направете добар план за отплата и бидете дисциплинирани за да не создавате непотребни дополнителни трошоци.

Задолжувајте се само онолку колку што би можеле да отплатите, во ритам со приливите на вашата сметка. Ако немате уплата што го покрива вашиот долг и камата, влегувате во недозволен минус што може скапо да ве чини.

Секогаш кога сте во можност, уплатувајте поголем дел од минималниот износ на долгот на месечна основа. Со тоа ќе го намалите времето потребно за отплата на долгот и ќе плаќате пониска камата.