Времеплов: Како изгледала првата видео игра?

147

Видео игрите денес ги живеат своите блескави моменти поради зголемениот интерес за еспорт во услови на пандемија. Целата оваа индустрија се проценува на неколку милијарди долари, со голем потенцијал за раст.

Но, сигурно се прашувате како почнала целата приказна? На 18-ти октомври 1958 година била претставена првата видео игра што ја направија Вили Хејџботам и Роберт Дворак.

Станува збор за игра што симулира тенис и што го носела името Tennis for Two (Тенис за двајца). Играта настанала само за забава, но за кратко време станала многу популарна.

Tennis for Two била наменета за аналоген компјутер под името Donner со помош на осцилоскоп и два контролери за управување на играчите.

Една година по првобитната верзија, била прикажа уште една овојпат напредна верзија што подразбирала играње на поголем екран и нови движења на топчето.

Сепак, историјата на видео игрите се врзува за 70-тите години на минатиот век кога започнал развојот на видео игрите, а кои по графиката стануваат многу пореалистични додека нивната комплексност е многу поголема.

Фото: Freepik