Времеплов: Како изгледаше првата интернет страница

48

Во текот на денот отвораме илјадници интернет страници. Некои од нив се информативни, други се од банки или некои институции, трети за онлајн трговија… Но, не беше така и пред 20 години.

Првата интернет страница е отворена на шести август 1991 година, била посветена на информациите поврзани со проектот World Wide Web, а ја направи Тим Бернерс Ли.

Оваа револуционерна интернет страница е направена на NeXT компјутер во Европската организација за нуклеарни истражувања CERN, а до нејзе се стигнувало преку адресата http://info.cern.ch/hypertext/WWW/TheProject.html.

Фото: Pexels