Времеплов: Вака изгледал првиот компјутерски глушец

70

Денес ги има во различни форми, со ергономска структура, за да бидат лесни и пријатни за користење, но не биле отсекогаш такви. Станува збор за компјутерските глувчиња. Првиот компјутерски глушец е направен во 1964 година од иноваторот Даглас Карл Енгелбарт. “Таткото“ на компјутерските глувци започнал да го осмислува својот изум во 50-тите години, за да по скоро 15 години да претстави дрвена кутија со црвена сијаличка на едниот раб и жица на долниот дел.

Иако првиот дрвен глушец бил вистинска иновација, сепак не се користел. Тогашната технологија немала потреба од глушец, бидејќи компјутерите најчесто се користеле за пишување текстови, па немале можност за отворање различни програми и сите тие операции лесно се контролирале преку тастатурата.

Првиот компјутер што се појавил на пазарот во 70-тите години од минатиот век, бил “опремен“ со глувче како составен дел. Но, оваа мала направа ја достигнала својата популарност во 1993 година, кога Apple го претставил својот компјутер со глувче.

Фото: Youtube/Printscreen & Pexels