Во понеделник, 8 jуни, во 11 часот во Хотел Инекс Горица во Охрид, Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, ќе ја отворат втората меѓународна Конференција за климатски промени. Тридневната конференција (8-10 јуни) е организирана од Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија.
Повеќе од 100 претставници на граѓански организации и општини од Југоисточна Европа (Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора), САД и Холандија, како и официјални претставници на УНДП, УНЕП, УНЕСКО и други дипломатски мисии во Македонија се очекува да присуствуваат на Конференцијата. Академски професори и истражувачи во областа на природните науки, шумарство, земјоделство и градежништвото, парламентарци, претставници од Националната Агенција за енергетика, Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Управа за хидро-метеоролошки работи, претставници од министерствата и од локалната самоуправа се исто така поканети да учествуваат на Конференцијата.
Втората меѓународна Конференција за климатски промени ќе ги охрабри напорите за соработка во решавањето на климатските промени, ќе поттикне размена на најдобри практики и ќе ја промовира на употребата на методологијата Зелената агенда како уникатен локализиран пристап на проектот и ефикасен начин да се одговори на климатските промени.