Вториот бран од пандемијата “удри“ по цената на нафтата

66

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела имаа остар пад бидејќи трговците се плашат од ефектите што ќе ги остават мерките на европските земји против коронавирусот.

Цената на барел нафта на берзата во Лондон минатата недела поевтини за 10,3% на 37,46 долари, додека на американскиот пазар падот беше 10,2% на 35,79 долари, пренесуваат светските медиуми.

Сега цената на нафтата е на минимумот во последните пет месеци, а како причина за тоа се повторно заострените мерки во борбата против пандемијата.

Бидејќи светот се наоѓа на удар на вториот бран од Ковид-19, земји како што се Франција, Германија и Велика Британија, повторно воведуваат заострени мерки за да се сузбие заразата, а со тоа забавува економија што се рефлектира и врз побарувачката за нафта.

Ист е случајот и со САД, каде што постојано расте бројот на инфицирани, па трговците се плашат да тргуваат со нафтата поради намалената побарувачка.

Фото: Freepik