Почетна Новости Европа Вториот карантин во Франција ја “убива“ економијата, се очекува пад од...

Вториот карантин во Франција ја “убива“ економијата, се очекува пад од 12 %

31

Економската активност на Франција ќе биде за 12 % под нормалното ниво во ноември поради целосното затворање што треба да го потисне новиот бран на коронавирус, објави централната банка.

На 30 октомври, владата повторно воведе мерки за затворање за да ги ограничи ефектите од коронавирусот.

Француската централна банка проценува дека економската активност ќе се намали за 12 % во споредба со нормалното ниво. Во октомври била за 4% пониска, а во април, во моментот на најстрогите ограничувања поради првиот бран на пандемијата, дури 31 %.

“Пред вториот бран, мислевме дека активноста ќе падне нешто помалку од девет проценти. Сега очекуваме да падне помеѓу девет и десет проценти”, рече гувернерот на централната банка Франсоа Вилерој де Галхау.

За да се процени влијанието на блокадата врз економијата, централната банка се потпира на месечно истражување во кое учествувале 8.500 компании, овој пат спроведено помеѓу 28 октомври и 4 ноември, а 90 % од одговорите пристигнале по започнувањето на новата блокада.

Повторното затворање најмногу ги погодило услугите, што бараат директен контакт со клиентите, со пад од 40% на активностите во трговијата на големо, мало, транспорт, угостителство и туризам.

Активностите во индустријата, од друга страна, треба да бидат “само“ 7% под вообичаеното ниво, а сличен пад се очекува и во градежниот сектор, соопшти централната банка.

Фото: Pixabay