Wall Street во црвено, технолошкиот сектор под притисок

18

На Wall Street во четвртокот, берзанските индекси паднаа, со тоа што Dow Jones се лизна од рекордна позиција, најмногу заради падот на цените на акциите во технолошкиот сектор.

Dow Jones падна за 119 поени или 0,38%, на 31.493 поени, додека S&P 500 падна за 0,44%, на 3.913 поени, а индексот Nasdaq 0,72%, на 13.865 поени.

Вчера, како и претходните денови, акциите на големите технолошки компании, како што се Apple, Facebook и Tesla, беа под притисок, бидејќи инвеститорите малку се повлекуваат од тој сектор, кој го води пазарот со месеци.

Фото: Facebook