Wave energy converter – ефикасен уред што прави струја од силината на морските бранови

113

CPO-buoys

Добивањето електрична енергија од обновливи извори веќе стана глобален тренд. Голем е бројот на компании коишто создаваат изуми за производство на струја од сончева енергија, ветер, биомаса…

Но, шведската компанија CorPower Ocean разви посебен систем што создава електрична енергија користејќи ја силината на морските бранови. Станува збор за високо ефикасниот Wave energy converter, чиј систем на работа е инспириран од работата на човечкото срце. Уредот користи специјална технологија што овозможува да се создаде поголема количина на енергија со користење на помал уред.

Најголем предизвик при дизајнот и изработката е уредот да остане моќен и при најсилните морски бури и во исто време да произведува доволно енергија.

Досегашните уреди од ваков вид биле премногу големи и поскапи, што не им овозможува комерцијална употреба. Еден ваков уред може да генерира доволно енергија од морето за снабдување со струја на 200 домаќинства.

Бидејќи морето е во константно движење, овој вид на енергија може да биде многу поефикасна од сончевата или онаа од ветер.