When in X, македонски старт – ап којшто ќе ја промени туристичката индустрија

37

1

Македонскиот старт – ап When in X лансираше нова мобилна апликација којашто ќе ги поврзе туристите на Балканот со локални граѓани – туристички водичи, кои сакаат да го споделат своето знаење за регионот. Со апликацијата посетителите ќе може да разгледаат и резервираат различни активности, културни искуства и настани – сите организирани од локални граѓани.

Името на платформата, When in X, доаѓа од популарната изрека When in Rome, do as the Romans do (прев. Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните). Идејата е на туристите кои ја посетуваат Македонија и регионот, да им пружат незаборавно искуство и пристап до места и авантури за кои знаат само локалните жители.

За разлика од традиционалните туристички агенции коишто нудат веќе постоечки аранжмани, When in X промовира алтернативни тури кои ќе ги поврзат туристите директно со локалните “експерти“. Овие “туристички водичи“ на посетителите ќе им понудат широк избор на вистински и автентични искуства: од неверојатни патеки за планинарење и пејзажи за фотографирање, па сè до ресторани со традиционална храна и ноќни клубови за забава.

2

Овој нов сервис е можност за локалните граѓани да го развијат алтернативниот туризам во својата земја, а за истото да остварат приход. Сите заинтересирани локални “туристички водичи“ се добредојдени да учествуваат и да придонесат кон развивањето на локалниот туризам, да ги споделат своите вештини и омилени искуства, додека заработуваат дополнителни приходи од истото тоа во што најмногу уживаат, стои во соопштението.

Доколку имате интересна идеја за тура и би сакале да станете “туристички водич“, посетете ја www.WhenInX.com и регистирајте се како host. Сите регистрирани туристички водичи во месец септември ќе добијат комплетно бесплатен хостинг за нивните тури.

“Нашата мисија е да го промениме начинот на којшто туризмот функционира во Југоисточна Европа. Познавајќи го добро Балканот, веруваме дека нашите земји имаат да понудат неверојатни места, неоткриени природни убавини и прекрасни културни искуства кои ќе ги воодушеват посетителите од целиот свет. Тоа што се обидуваме да го направиме е да им овозможиме на туристите полесен пристап до тајните кои сите ние ги знаеме, што со тек на време ќе го зголеми интересот за туризам во овој регион. Дополнително, ќе им овозможи на многу локални туристички претприемачи да изградат поуспешни мали бизниси кои ќе влијаат позитивно на локалната економија“, велат од тимот на When in X.

when-in-x-logo

Платформата When in X е развиена од страна на македонската компанија Webgliders, којашто после долги години соработка со интернационални клиенти, одлучи да креира свој оригинален продукт. Тимот на компанијата, исполнет со ентузијасти за патувања и активности на отворено, дојде до идеја за туристички услуги кои на посетителите ќе им овозможат да се почувствуваат како дел од локалната заедница.

Платформата When in X е достапна онлајн на www.WhenInX.com и на Apple Store и Google Play.