Wizz Air со 20% попуст на сите летови резервирани денеска

34

wizz-air-20Фото: Wizz Air

Wizz Air, една од најбрзо растечките авиопревозници во Европа, нуди 20 % попуст на сите летови резервирани денеска, четврток, осми февруари, пред полноќ. Можете да изберете една од 28-те дестинации во 14 земји во кои Wizz Air лета од  Македонија со цени коишто почнуваат од 600 денари, објави авиокомпанијата на својот веб портал.

20% попуст се однесува на цени со попуст за Wizz клубот вклучувајќи ги и даноците и необврзните трошоци, но без административна такса. Оваа промоција се однесува на осми февруари од 00.00 до 23.59. Периодот на патување е ограничен, сите патувања мора да бидат завршени до 31 мај 2018 година. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com или на мобилната апликација WIZZ.