Womenpreneurs Stories – настан за мотивација и промоција на жените во бизнисот

93

Сите приказни вреди да се споделат … Некои, исто така, вреди да се прослават.

Приказни за жени претприемачи и жени на лидерски позиции е иницијатива која има за цел да ги слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот.

Третиот по ред од втората сезона на неформални настани, со специјални гостинки од Чикаго, САД, ќе се случува на први април (понеделник), од 18 до 20 часот во просториите на Јавна Соба, Скопје.

Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршка за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем.

Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, лидери, ментори, конектори – жени и мажи.

Три причини зошто?

1. Запознајте ги гостинките од Чикаго, САД, жени лидери и дознајте ги нивните приказни

На овој настан говорници ќе бидат Trisha Degg – Vice President of Talent Programs and Operations for Illinois Technology Association и Caitlin McAllister – Executive Director of Catapult Chicago. Тие ќе ги споделат своите лични и професионални приказни, да ве инспирираат и мотивираат. Предвидени се и посебни сесии каде Trisha ќе зборува на темата Attracting and retaining technical talent to your city and Building a community within a tech community, а Caitlin ќе зборува за Soft landing of tech companies in US market (Catapult Chicago model).

2. Вмрежување со лидери од индустријата, корисни совети и трикови

Искористете ја оваа можност да разговарате со жените кои ги делат истите предизвици, интереси и страсти како вас. Овој настан ќе ви помогне да стекнете нови пријатели и изградите партнерства. Ако размислувате како да преземете иницијатива и да се впуштите во старт – ап светот, би сакале да ве запознаеме. Ќе имате можност да се вмрежите со жени на лидерски позиции во различни фази на градење на нивните кариери и бизниси.

3. Бидете инспирирани да станете само – мотивирани

Едно е сигурно: Womenpreneurs Stories ќе ве инспирираат и мотивираат да преземете одговорност за вашиот професионален живот.

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; во партнерство со World Chicago, FITR, ЦЕЕД Mакедонија, Public Room и Grouper.mk.

Влезниците можете да ги купите тука.