Xerox планира да го купи технолошкиот гигант HP

30

Xerox планира да ја купи компанијата Hewlett-Packard Inc., откако одборот на директори на американскиот гигант за принтери ја разгледуваше оваа можност.

Сепак според експертите зделката нема да биде едноставна со оглед на фактот дека HP е повеќе од тројно поголема компанија од Xerox, пишува CNN.

Американскиот технолошки гигант има вредност на пазарот од 27 милијарди, додека вредноста на Xerox изнесува осум милијарди долари.

Зделката помеѓу двете компании коишто имаат сличен бизнис може да заштеди околу две милијарди долари преку отпуштања и останати стратегии во работењето.

За да може да ја изврши аквизицијата на Xerox ќе му биде понуден заем од една од најголемите банки во САД.

Xerox ја започна својата приказна во 1906 година како Haloid Photographic Co. во Рочестер, Њујорк, додека почетоците на HP се 1938, од една скромна гаража во Пало Алто, Калифорнија.

Од двете компании сè уште нема официјален одговор.

Фото: Pixabay