YouTube со построги правила за корисниците

94

film-589491_960_720

Фото: Pixabay

Со цел повторно да ја добие довербата на огласувачите, Google воведува построги правила за монетизација на YouTube. Едно од нив е поставување на повисоки критериуми за квалитет на партнерската програма, YouTube Partner Program, каде издавачите заработуваат пари од рекламирање.

Наместо само 10.000 прегледи, како што беше претходно, од сега каналите ќе треба да имаат 1.000 претплатници и 4.000 часови гледаност во изминатите 12 месеци. Правилата ќе почнат да се применуваат за веќе постоечките канали од 20-ти февруари.

Од Google велат дека секој чекор и евентуалните злоупотреби ќе бидат внимателно следени со цел да се осигураат дека се работи во согласност со поставените правила.

Новите и старите корисници на партнерската програма на YouTube автоматски ќе се оценуваат според новите правила и доколку се забележи непочитување на истите каналот ќе биде веднаш отстранет.