За 10 години заработиле вкупно 555 милијарди долари, а сите имаат иста стратегија

107

Добро познатата филозофија на инвестирање на Ворен Бафет, купување акции и нивно вечно зачувување, се покажа како една од најдобрите стратегии во историјата. Како што пишува Forbes, оваа стратегија на Бафет се исплатила многу во текот на оваа деценија.

Од 2010 година неговото богатство се зголеми за 42 милијарди долари, а Бафет се најде на седмото место меѓу најголемите милијардери добитници во изминатите десет години. Ворен Бафет никогаш не продал ниту еден дел од американскиот холдинг Berkshire Hathaway, а приближно 98% од неговото богатство го стекнал од нив.

Истата стратегија се покажа како успешна за повеќето “добитници“ на оваа деценија. Сите десет милијардери на списокот Forbes остварија неверојатни 555 милијарди долари во текот на оваа деценија, a секој од нив е основач или долгогодишен извршен директор на компанија чии акции котираат на берзата и доминираа во насловите на светските медиуми. Како Бафет, тие најчесто заработуваа пари останувајќи на лидерски позиции во овие компании.

Најголемите победници во деценијата се:

1. Џеф Безос, Amazon
Нето-вредност во 2010 година 12,3 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 109,7 милијарди долари

2. Бернард Арно, LVMH
Нето-вредност во 2010 година 27,5 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 107,7 милијарди  долари

3. Марк Цукерберг, Facebook
Нето – вредност во 2010 година четири милијарди долари
Нето – вредност во 2019 година 72 милијарди долари

4. Бил Гејтс, Microsoft
Нето-вредност во 2010 година 53 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 107,6 милијарди долари

5. Амансио Ортега, Inditex
Нето-вредност во 2010 година 25 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 74,9 милијарди долари

6. Лери Пејџ, Alphabet
Нето-вредност во 2010 година 17,5 милијарди американски долари
Нето-вредност во 2019 година 61 милијарди долари

7. Ворен Бафет, Berkshire Hathaway
Нето-вредност во 2010 година 47 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 88,8 милијарди долари

8. Стив Балмер, Microsoft
Нето-вредност во 2010 година 14,5 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 56,3 милијарди долари

Сергеј Брин, Alphabet
Нето-вредност во 2010 година 17,5 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 58,8 милијарди долари

10. Џек Ма, Alibaba
Нето-вредност во 2010 година 1,2 милијарди долари
Нето-вредност во 2019 година 42 милијарди долари

Фото: Pexels