За 115% скокнаа пребарувањата на хрватски дестинации на Airbnb

52

Во последниот месец, бројот на пребарувања на хрватски дестинации на платформата Airbnb се зголеми за 115%, пренесува Пословни дневник.

Меѓу дестинациите што се најпопуларни на оваа платформа се Сплит, Задар и Ровињ, а меѓу гостите што пррбаруваат сместување во Хрватска, 15% се домашни, а 85% се странци.

Над 60% од пребарувањата, како што се наведува, се однесува на летниот период, а 57% се поврзани со одмори што би траеле повеќе од седум дена. Меѓу гостите што ја пребаруваат Хрватска на Airbnb, 34% се двојки, 23,7% барале сместување за четири лица, а 12,6% за три.

Најпопуларен филтер при пребарување е објекти со базен, како и објекти што примаат домашни миленици и со обезбеден интернет.

Фото: Pixabay