За 17% намалена вредноста на договорените градежни работи во странство

32

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува, во периодот јануари – март оваа година, 135.004.000 денари, што е за 17,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 25.738.000 денари, што е за 16,9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Фото: Pixabay