За 5,8 милиони евра продаден деловен простор

134

За деловен простор од 526 метри квадратни во српскиот град Нови Сад се одвоени 5,8 милиони евра, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за објект од пет деловни простори, сместен во строгиот центар на градот. На пазарот на недвижнини во Србија, во првата половина од оваа година, се склучени 40.884 договори за купопродажба на недвижнини. Според Регистарот на цени на недвижнини на Републичкиот геодетски завод, во првата половина од оваа година, се тргувало со станови кои 67% биле плаќани во готово, а 33% на кредит. Освен станови, се купувало и градежно земјиште, земјоделско земјиште, куќи, викендички, а најмногу договори биле склучени во јуни.

Квадрат за стан, како и претходните години, е најскап во Белград, каде што во комплексот Белград на вода е продаден стан за 1,3 милиони евра. Од друга страна, најскапата куќа што била продадена е во Нови Сад, за којашто се инкасирани 740.000 евра.

Фото: Freepik