За хидросистеми и наводнување ќе се инвестираат 100 милиони евра

35

Сто милиони евра во следниот период ќе се инвестираат во комунална инфраструктура, изградба на хидросистеми и системи за наводнување во земјоделството, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на компанијата за производство на пластични маси Конти Хидропласт во Гевгелија.
Според него, тоа ќе даде силен имплус и развој на земјоделството, но и ангажман на домашни фирми како што е Конти Хидропалст да пласираат свои производи.
“Конти Хидропласт е една од најдобрите фирми во Македонија во последните неколку години со одличен раст. Задоволен сум од она што го видов и слушнав дека компанијата освојува нови пазари. Како влада во тој дел ќе помогнеме преку изградба на голем дел комунална инфраструктура и друга инфраструктура во општините во Република Македонија и со изградба на нови хидросистемикако што се Конско во Гевгелија, Маркова Река, Оризарска Еека и многу други”, истакна Ставрески.
Сопственикот на компанијата, Борче Маџунков, рече дека за успешниот развоен пат на Конти Хидропласт најголема улога одиграла комплетната посветеност на раководството и работниците и освојувањето на нови пазари.
“Пред две години почуствувавме последици од рецесијата, но таа е веќе минато”, изјави Маџунков.
Производите на Конти Хидропласт се пласираат во сите земји на Балканот, а од скоро и во Италија,Чешка и Полска.