За македонските фирми 100 милиони евра од чевртата транша кредити од ЕИБ

19

evra 8

Македонската банка за поддршка на развојот, во текот на овој месец, ќе ја пласира и четвртата транша на поволни кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменета за македонскиот бизнис сектор.

Оперативниот директор на Македонската банка за подршка на развојот, Бесим Билали, денеска информира дека нови 100 милиони евра ќе бидат пласирани со четвртата транша, која е потпишана во декември минатата година.

“Третата транша ја завршивме пред еден месец и новиот договор за четвртата транша е потпишан на 31 декември 2013 година. Веќе сме во фаза на прибирање апликации, имаме доста апликации и тие за брзо време ќе бидат исплатени и реализирани од реалниот сектор“, изјави Билали.

Според него, македонските фирми веќе понудиле квалитетни проекти и има доста флексибилни компании кои можат да имплементираат нови технологии и програми.