За над 34% зголемен бројот на издадени одобренија за градење во април

17

Во април оваа година, се издадени 233 одобренија за градење, што е за 34,7% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.449.894.000 денари, што е за 5,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 149 (63,9%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (10,3%) за објекти од нискоградба и 60 (25,8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 233 објекти, на 117 (50,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 116 (49,8%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 55.104 метри квадратни.

Фото: Freepik