За над 76% помалку купени нови возила во ЕУ

41

Бројот на регистрирани нови патнички возила во Европската унија, во април оваа година во однос на истиот период лани, е намалена за 76,3%, посочуваат од Европското здружение на производители на автомобили (European Automobile Manufacturers Association – ACEA).

Најголемиот дел од продажните салони за возила во текот на април беа затворени поради пандемијата, па бројот на новопродадени возила од 1.143.046 во април лани, се намали на 270.682 возила минатиот месец.

Сите земји членки на ЕУ бележат двоцифрен пад во продажбата на автомобили во април, но тој е најизразен во Италија (97,6%) и Шпанија (96,5%). Падот кај поголемите автомобилски пазари во Европа се издвојуваат Германија (61,1%) и Франција (88,8%).

Фото: Pixabay