За неколку години ќе поевтини производството на електрични автомобили

35

Трошоците за производство на електрични автомобили за неколку години ќе се изедначат со изработката на конвенционалните возила, пишува Гардијан.

Се очекува веќе од 2024 година да се изедначат трошоците за производство на возилата на електричен и погон на фосилни горива. До 2022 годна се очекува разликата во трошоците за производство да биде само 1.900 долари по автомобил, а за две години таа разлика сосема да исчезне, покажува истражувањето на UBS.

Намалените трошоци за производство ќе значат и поголема профитабилност што ќе ги поттикне компаниите повеќе да нудат електрични возила на пазарот.

Како главна причина за високата цена на електричните автомобили се наведува вредноста на батериите, што сега производителите ги купуваат од ограничен број на компании. Цената на батериите може да зафати од 25 до 40% вкупните трошоци за производство на електричен автомобил.

Анализата покажува дека трошоците за батерии ќе се намалат на 85 долари по киловатчас до 2022 година. За пет години се очекува 17% од новите продадени автомобили да бидат на електричен погон, а до крајот на 2030 година да надминат 40%.

Фото: Freepik