За патување со траект до грчките острови се пополнува посебен прашалник

45

За патување до некој од грчките острови со траект или брод потребно е, покрај сите документи за преминување граници, пред влегување во пловниот објект се пополнува прашалник со основни информации,  а може да се пополни и претходно онлајн.

Електронското пополнување на формуларот е овозможено од четврти овој месец преку интернет страницата sea.travel.gov.gr.

Доколку патниците не се сигурни со кој траект ќе патуваат до островите, се советуваат прашалникот да го пополнат на лице место.

Фото: Pexels