За прв пат Microsoft Data Insight Immersion работилница во Македонија

23

DSC_0532 copy

Во просториите на Семос Едукација во Скопје денеска се одржа првата Microsoft Data Insight Immersion работилница за корисници од финансискиот сектор во Македонија.

На настанот учествуваа претставници од големи македонски компании и институции. Работилницата опфати повеќе теми и практични вежби посветени на Деловна Интелигенција (BI) и обработка на бази на податоци, нешто кое е од исклучителна важност и е потребно за секое правно лице кое има потреба за обработување на податоци од различен вид.

Системите за Деловна интелигенција овозможуваат поедноставно да се добијат релевантни информации и трендови од податоците во претпријатието. Работилницата беше организирана од локалната канцеларија на Microsoft во Македонија.