За три денари се зголемува акцизата на нафта

20

benzinska-pumpa-pixabayФото: Pixabay

Властите во Македонија, од први јануари следната година, планираат зголемување на акцизата на нафта за три денари, јавува Миа.

Со зголемување на акцизата и пресметаниот данок на додадена вредност, цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари. Причина за оваа мерка, како што се наведува, се препораки за заштита на животната средина и намалување на загадувањето од страна Европската унија.

Се очекува оваа мерка во буџетот за следната година да се слеат 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари, како и дополнителни приходи за Јавното претпријатие за патишта.

Според проекциите, буџетот за следната година изнесува 211,47 милијарди денари или 3,44 милијарди евра. Приходите се планирани на ниво од 193,5 милијарди денари, а буџетскиот дефицит на 18,2 милијарди денари или 2,7% од БДП.