За три до четири години туризмот ќе се врати на предпандемиските резултати

12
Asian woman sitting on stone in Amazing View point in Nangyuan Island.

Европа од јануари до август ја посетиле 68% помалку странски туристи во однос на истиот период лани, додека во цела 2020 година, поради новиот бран од пандемијата, се очекува пад за околу 60%. Според проценките на извештајот на Европската комисија за патувања (European Travel Commision), обемот на патувања во странство од пред пандемијата ќе се врати до 2024 година.

Според извештајот, новиот силен бран на пандемијата, повторното воведување на карантин во многу земји, пад на довербата на потрошувачите и рецесијата во којашто влегоа многу економии се главни фактори што го намалуваат закпренувањето на европскиот туризам.

Иако за меѓународни патувања ќе бидат потребни дури четири години, извештајот предвидува дека патувањата во рамки на Европа ќе има добри изгледи и да се врати на предпандемискиот период за две до три години.

Во извештајот се наведува дека туризмот на ниту една европска земја не е поштедена од пандемијата, а од сите најсилни последици чувствуваат Кипар и Црна Гора, со пад од околу 85%, што е поради нивната зависност од странски туристи.

Земја со најмал пад на ноќевања на странски туристи е Австралија со намалување од околу 39%, бидејќи оваа земја на почетокот на годината привлекла доволно гости во скијачките и зимски центри.

Фото: Freepik