За три месеци РЖ Техничка контрола со добивка од 2,6 милиони денари

14

rz tehnicka kontrola

РЖ Техничка контрола првото тримесечје од 2016 година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 2.619.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од први јануари до 31-ви март минатата година, компанијата прикажа добивка од 426.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за трите месеци од оваа година достигнаа 18.816.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 18.586.000 денари, додека остатокот од 230.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е техничко испитување и анализа. РЖ Техничка контрола дава услуги за физичко – хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата.