Заеднички отворени денови на Катастарот и Управата за имотно правни работи

18

Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно правни работи ќе организираат заеднички отворени денови со цел граѓаните да можат на едно место да прашаат за нивните проблеми и доколку ги имаат потребните документи проблемот да се реши веднаш, пишува Миа.

Ова го посочија директорите на Агенцијата и на Управата, Славче Трпевски и Зоран Крстаноски, на денешната прес-конфернција на која прецизираа дека заедничките отворени денови ќе почнат на 15 септември годинава, а планирано е да траат до 15 февруари следната година.

“Заедничките отворени денови ќе почнат во Прилеп и Битола на 15 и 16 септември, а ќе продолжат во Дебар и Кичево на 22 септември. За граѓаните на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај отворените денови традиционално ќе траат една недела, односно од 28 септември до 2 октомври. Отворени денови ќе има и во сите 30 подрачни одделенија на Катастарот и Управата“, рече Трпевски.