Заедно до силна локална и регионална економија

48

Градење заедничка иднина – Creating a common future е слоганот на претстојниот пограничен целодневен настан, што на 10-ти јули ќе се случува во Охрид, во организација на девет проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од страна на Европската Унија.

Вкупна вредност на проектите финансирани од Европската Унија е околу три милиони евра. Ова случување планирано е да обедини над 150 учесници од најразлични профили професионалци од сферата на туризмот, претставници на невладиниот сектор, локалната самоуправа, бизнис секторот, (активни во туризмот, агротуризмот и угостителството и стопанските комори), како и од медиумите.

Главен фокус на ова случување е идентификување на можностите за развој на туризмот, унапредување на соработката во прекуграничната област меѓу Република Северна Македонија и Албанија, како и промовирање на резултатите на проектите кои се дел од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.

Предвидена е регионална конференција со наслов Развој на туризмот во прекуграничната област, на кои заеднички предзнак ќе им биде прекуграничната соработка во поттикот на локалната и регионална економија, развојот на одржлив туризам, важноста на иновациите во обезбедувањето регенериран и поквалитетен еко систем, можности за нови вработувања.

Присутните на 10-ти јули ќе имаат можност да бидат дел и од атрактивен Саем којшто ќе има за цел да ја илустрира синергијата на досегашната регионална соработка, (во рамки на деветте проекти, дел од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија), но, и да сведочат на отворањето на спасувачкиот центар на Црвен Крст во Охрид – прв во регионот од таков вид.

На самиот старт предвидени се обраќања на високи претставници на двете земји.