Заем од 51,6 милиони денари за Крива Паланка

40

Општина Крива Паланка доби заем од Министерството за финансии во вредност од 51,6 милиони денари, за изградба и реконструкција на улици во градот, како и за набавка на нова опрема за јавните услуги.

“Со обезбедените средства општината ќе изврши реконструкција на девет постојни улици во градот, како и изградба на мост на локалитетот Куков Дол. Со реконструкцијата на улиците Никола Тесла, Никола Тесла – лев крак, Дивјанска, Пиринска, Биљинска, Осоговска (два крака), Наско Тамбурков, Климент Охридски и Горан Стојановски, директна корист ќе имаат околу 1.000 граѓани на Крива Паланка кои живеат на тие локации”, изјавија од Министерството за финансии.

Освен реконструкција на улиците, ќе се обезбеди и специјализирана градежна механизација за потребите на јавното претпријатие Комуналец, која ќе служи за отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и машина со опрема за чистење снег.

Средствата се дел од Проектот за подобрување на општински услуги со кој Владата обезбеди 50 милиони долари од Светска банка. Во рамки на овој проект досега се склучени 26 договори со 24 општини во Република Македонија.