Загуба од седум милиони денари за Трготекстил Малопродажба

78

trgotekstil

Трготекстил АД Малопродажба од први јануари до 31-ви декември минатата година оствари загуба од 7.092.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година компанијата работеше со добивка во висина од 25.287.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година беа 10.738.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 8.791.000 денари.

Приоритетна дејност на компанијата е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.