Загубата на Македонска берза од 4,9 милиони денари ќе се покрива од акумулираната добивка

11

makedonska berza

Согласно Законот за хартии од вредност, Македонска берза ги објави финансиските податоци за 2015 година.

“Собранието на акционери на Македонска берза на 31-вата седница, одржана на 27.05.2016 година, одлучи загубата по годишна сметка за 2015 година во износ од 4.956.664 денари да се покрие од акумулираната добивка“, стои во објавата.

Според финансиските податоци, вкупните приходи достигнаа 29.044.255 денари, додека загубата за финансиската година беше на ниво од 4.956.664 денари. Нето загубата по акција изнесува 1.775 денари.