Занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата

28

Занаетчиската комора на Скопје денеска ги отвори Деновите на занаетчиството, чија цел е да се доближат занаетите до младите луѓе и да ја поттикне свеста за занаетите како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.

На тезгите изложени пред просториите на Занаетчиската комора Скопје посетителите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети.

“Манифестацијата ја правиме во соработка со средните стручни училишта на територијата на Град Скопје со цел учениците да ги насочиме во развој на занаетчиството и на тој начин да можат да обезбедат егзистенција. Нашата примарна цел е учениците кои се обучуваат кај нашите мајстори во иднина да најдат полесно вработување“, рече Никола Петров, претседател на Занаетчиската комора.

Деновите на занаетчиството е традиционална манифестација што ја организира Занаетчиската комора Скопје, чиј покровител е Градот Скопје.