Започна изградбата на фабрика за биогас во Кичево

17

Во индустриската зона Иванидол 2 во Кичево започна изградбата на фабрика за производство на биогас. Станува збор за инвестиција на кичевчанец кој е на привремена работа во Швајцарија, чија вредност е над еден милион евра.

Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден.

“Поставувањето на камен – темелникот за оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети покрај што придонесуваат за екологијата се значајни и за развојот на економијата, бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко“, рече Фатмир Дехари, градоначалник на општина Кичево, на поставувањето на камен – темелникот.