Започнете ја Новата година во сопствен стан во Маврово

67

1

Колку убаво звучи да ја започнете новата година одморени, во бескрајна релаксација, опкружени со прекрасни зимски пејзажи. Сонце и снег, чист воздух, поглед кој остава без здив е идеална комбинација за секој љубител на природата.

Едно такво совршено место за регенерирање на потребната енергија во нашата земја е најубавиот национален парк Маврово кој плени со природните окружувања, прекрасната шума, планините, Мавровското езеро. Привлечен е во било кој период од годината, а посебно во овие зимски месеци кога Маврово се претвора во волшебен рај на земјата, со најмногу паднат снег кој овој месец достигна и 70 cm. Оваа најпозната рекреативна населба е центар на случувањата преку целата година, нудејќи можности за зимски и летни спортови и рекреативни активности.

2

Сега можете да го имате сето ова кога и да посакате, перфектен планински одмор во сопствен и удобен стан. Како до стан во Маврово? Имате одлична можност по цена од  само 650 евра до 830 евра за м2, да купите еден од 105-те апартмани, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар.

Апартманите се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

3

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, Фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.