Започнува четвртото издание на Codefest

16

Во Охрид денеска почнува четвртото издание на Codefest, настан на којшто млади информатичари имаат можност да ги развиваат своите идеи, пишува Миа.

Манифестацијата ќе трае до недела, а на него најавено е учество на студенти, средношколци, ИТ професионалци и претставници од бизнис заедницата, старт – ап компании и инвестициски фондови. Најавено е и учество на претставници од Словенија, Полска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Манифестацијата ја организира Здружението за развој Старт – ап зона од Охрид.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржат еднодневна технолошка конференција Codeference, маратонско кодирање од 32 часа Codefest Marathon и изложбено експо за претставници од ИТ бизнис секторот и образовните институции CF X Business Expo.