Започнува изградбата на елитниот објект Адора Флатирон во Кисела Вода

48

На локацијата на поранешната фабрика за сапуни Цветан Димов во Скопје денеска ќе почне изградбата на објектот кој ќе изгледа како познатата зграда Флатирон во Њујорк од 1902 година, пишува Миа.

Станбено – деловниот комплекс Адора Flatiron Скопје, ќе се гради на парцела од 4.400 квадатни метри. Ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа за станови.

Инвестицијата проценета на 40 милиони евра е на градежната компанија Адора Инженеринг.