Започнува повратот на средствата од скенираните сметки од Викенд без ДДВ

78

Исплатите на средствата од мерката Викенд без ДДВ треба да започнат неделава, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, откако во Собранието беа изгласани законите за мерките од четвртиот економски пакет.

Според податоците од УЈП, поврат на ДДВ од продолжениот викенд ќе добијат вкупно 204.088 граѓани кои купувале македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66. 853.929 денари.

Фото: Freepik