Zara ќе изработува облека од одржливи материјали

67

Сопственикот на модниот бренд Zara, Inditex, се обврза дека до 2025 година, целата облека ќе се изработуваaт само од 100% обновливи материјали. На ова ќе се приклучат и останатите брендови како Zara Home, Massimo Dutti и Pull&Bear.

Гигантот годинава се најде на трето место на листата Најголеми текстилни компании, според Forbes.

Освен тоа, Inditex вети дека до 2025 година 80% од енергијата што се употребува со седиштата на Zara, фабриките и продавниците ќе доаѓа од обновливи извори, а објектите ќе произведуваат нула отпад. Групацијата е во сопственост на најбогатиот човек во Шпанија Амансио Ортега.

Минатата година приходите од продажбата на компанијата пораснаа за 3% на 21,6 милијарди евра, пишува Guardian.

Од 2015 година наваму Inditex собра повеќе од 34.000 тони искористена облека, откако постави “банки за алишта“ во повеќе од 800 продавници во 24 земји. Исто така, стартуваше и услуга собирање на износени алишта од домови во Шпанија, Пекинг и Шангај, а истата планира да ја прошири и во Лондон, Париз и Њујорк.

Фото: Facebook