Заштитна маска што сама се дезинфицира

115

Недостатокот на заштитна опрема, што беше видливо на почетокот на пандемијата Ковид-19, ги натера многу производители да размислуваат на инвентивен начин. Стартапот Huami, разви пластична маска во која има вградено ултра-виолетово светло за кое се тврди дека може да ја дезинфицира површината на маската за 10 минути. Сè што е потребно е надворешно напојување преку USB-порт.

Дезинфекцијата се врши од внатрешна страна. Маската е наречена Aeri и користи филтери што се менуваат и се компатибилни со маските N95. Модуларниот дизајн на маската овозможува поставување додатоци како што се вентилатори за полесно дишење. Маската е транспарентна, со цел да се олесни работата на системите за препознавање лице.

Ова ќе им помогне на сопствениците на телефони да бидат препознаени од нивните уреди без да ја отстрани маската. Маската во моментов е во фаза на прототип, а се очекува таа да може да се појави на пазарот во наредните шест до 12 месеци. Засега е непознато по која цена ќе се продава. Производителот тврди дека е насочен кон масовниот пазар, не само за заштита од вируси, туку и за секојдневно носење како резултат на загадување на воздухот.

Фото:YouTube Printscreen