“Зелени“ покриви или соларни панели задолжителни за новите објекти во Франција

48

zeleni pokrivi

Француските власти донесоа законска регулатива, според која покривите на сите новоизградени згради во комерцијалните зони ќе мора делумно да бидат прекриени со растенија или со соларни панели, пишува британски Гардијан.

“Зелените“ покриви имаат изолациски ефект, помагаат во намалување на потребната електрична енергија за затоплување на објектот во зима или за разладување во текот на летните месеци. Овие покриви ја задржуваат водата, што е добро во случај на обилни врнежи од дожд, кога атмосферската канализација не може да апсорбира голема количина на вода. Од друга страна, овие покриви го поттикнуваат биодиверзитетот и им помагаат на птиците да преживеат во урбаната џунгла.

Доколку инвеститорите во проектите на комерцијалните градби се одлучат за инсталирање на фотонапонски електрани, тие ќе придонесат за зголемување на уделот на соларната енергија во вкупниот енергетски микс во Франција.