Зелени проекти на ЕУ “паднаа” пред ревизорите

131

zelena-kukja

Фото: Pixabay

Проекти на ЕУ за ефикасно користење на енергија се изложени на критика како “неисплатливи”, по ревизијата спроведена во неколку земји. Проверувани се проекти во Чешка, Италија и Литванија, земји кои во периодот од 2007 до 2013 година добиле најмногу пари за таканаречени зелени проекти.

Властите од овие земји добиените средства ги користеле за обнова на зградите, но овие инвестиции ќе се исплатат во просек дури за 50 години, што е повеќе од предолг период, стои во ревизорскиот извештај, пренесува BBC.

Во некои случаи, заштеди ќе почнат да се остваруваат дури за 150 години, што го надминува животниот век на објектот за кој станува збор.

Ревизорите разгледале 24 проекти од оваа област. Тие нагласија дека Европската комисија, која располага со средствата од буџетот на ЕУ, треба да обезбеди таквите проекти да минат темелни проценки и да се направи анализа на нивната исплатливост.

ЕУ во рамките на мерките за поттикнување на користење на зелените извори на енергија си постави за цел до 2020 година енергетската ефикасност да ја зголеми за 20%.