Земаат банкарски кредити за да купуваат злато

242

Земање на банкарски кредити за купување на злато стана “нова мода“ во Турција. Турците веруваат дека заради негативни реални девизни курсеви, можностите за инвестирање се стеснуваат, а златото го гледаат како безбедно засолниште, пишува BloombergHT.

“Падот на каматите на потрошувачките кредити, исто така, влијаеше граѓаните да се свртат кон златото“, вели Акиф Туркер, златар од Истанбул. Додава дека граѓаните почнале да купуваат злато кога цената изнесувала 38.300 евра по килограм, а сега цените достигнаа 51.000 евра за килограм злато.

Друг златар, Мехмет Али Јилдиримтрук, вели дека луѓето постепено го продаваат златото кое евтино го купиле, а чија цена во меѓувреме порасна, за да отплатат рати од кредит во банка.

Се проценува дека Турците имаат повеќе од 5.000 тони злато.

Фото: Freepik