Земји што важат за најголеми кафеџии во светот

59

Кафето претставува напиток што на многумина им ги отвора очите рано наутро и им дава енергија да ги издржат секојдневните обврски.

World atlas има интересна статистика за земјите кои се најголеми кафепијачи во светот.

На врвот на листата е Финска со испиени 12 килограми кафе по лице годишно. Во првите 10 од вкупно 25, колку што има на листата се: Норвешка (9,9 килограми по лице), Исланд (девет килограми), Данска (8,7 килограми), Холандија (8,4 килограми), Шведска (8,2 килограми), Швајцарија (7,9 килограми), Белгија (6,8 килограми), Луксембург (6,5 килограми) и Канада (6,5 килограми).

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е 11-та со 6,2 килограми кафе по лице годишно. Словенија е на 15-то место со 5,8 килограми, Грција е две места подолу со 5,4 килограми, а Хрватска е 19-та со 5,1 килограми.

Фото: Pixabay