Zephyr – футуристички автономен автомобил создаден во Грција

21

Фото: stavrosmavrakis.com

Грчкиот дизајнер Ставрос Мавракис го создаде електричниот автономен автомобил под името Zephyr, којшто би им служел на туристите да ги истражуваат убавите места во земјата, пишува Greek reporter.

“Сакав да развијам проект што ќе го предизвика традиционалниот дизајн на автомобилите. Тоа е парче мобилна архитектура, а не само средство за транспорт. Тоа му помага на патникот да ужива во патувањето“, вели Мавракис.

Патниците треба да бидат фокусирани на внатрешноста на автомобилот, а не на возењето. Автомобилот е дизајниран лесно да се справи со кривините што може да се најдат низ егејските острови.

Во неговата внатрешност има само еден екран на допир, што служи за управување со автомобилот.

Се очекува овој автономен автомобил да се најде на патиштата во Грција од 2030 година.

Името на автомобилот доаѓа од богот Зафир што во грчката митологија бил бог на западниот ветер.